Еднаш засекогаш: Дали повеќе страда оставениот или оној кој остава?

popara20 ноември, 20211min00
guy-2617866_1280

„Секогаш му е полесно на оној кој остава“ – реченица што толку пати сме ја слушнале, а е чиста лага.

Кога го вложувате времето во некоја личност, кога градите заеднички живот, се прилагодувате еден на друг, сакале или не, станувате едно, а по раскинувањето губите дел од себе.

Двајца можат да се сакаат и да се повредуваат во исто време, а еве доаѓаме до втората позната реченица „Не можам со него, а ни без него“, а вие заминувате за да се спасите.

Со текот на времето љубовта може да избледи, кога ќе почнат да ве јадат проблемите и компромисите, се губите дел по дел, додека на крајот на ваше место останува празна лушпа, ни налик на личноста во која се заљубил партнерот.

Можете да ги обвинувате, да дозволите гневот да ве обземе, но на крајот само една личност останува одговорна, а тоа сте вие ​​– единствената личност со која треба да се справувате до крајот на животот.

Никој никогаш нема да ја разбере љубовта: „Зошто заминуваме додека сакаме, зошто се враќаме“?

Само ние разбираме низ што поминуваме, потпирајќи се на срцето како водич, бидејќи никој не смислил кодекс на однесување во вакви ситуации, ниту пак може да носи одлуки наместо нас.

Ниту ние не можеме да го разбереме партнерот, колку и да го познаваме, тој не престанува да не изненадува, па како да судиме за постоењето на туѓата болка, а и тие за нашата?

На крајот ни останува само голата вистина, реалноста со која треба да се соочиме, нема подлабоко значење, не се трошете барајќи го.

Ако ви е некаква утеха, страдаат и оние што оставаат, се борат за себе исто колку и оние оставените, ако не и повеќе, затоа што треба да живеат со мислата дека ја повредиле саканата личност, а со тоа и самите себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag