Една боја на кармин ќе биде апсолутен хит за новогодишната ноќ: Со неа секоја дама изгледа отмено

popara31 декември, 20211min00
shutterstock663226402-830x0

Шминката е важен детал за секојдневието, а особено за свечените пригоди како што е новогодишната ноќ

Новогодишната ноќ е на прагот, а една од основните работи што е важна, покрај гардеробата, е и шминката. Карминот е тој што му дава посебен шарм на изгледот на секоја дама.

Темните нијанси ќе бидат во тренд оваа година. Најмодерна е бордо бојата и сите оние тонови кои имаат нејзини примеси.

  1. Со додавање на сјај

Изберете нијанси на бордо кои имаат висок сјај, за вашите усни да изгледаат поголеми. Мат нијансите визуелно ги намалуваат усните, па сјајот е пожелен особено за дамите со потенки усни.

  1. Нагласена боја со остатокот од шминката

Со потемни усни, сенките за очи во златни тонови изгледаат одлично. Нанесете ја маскарата во повеќе слоеви за да изгледате погламурозно.

  1. Усните нагласете ги со молив

За изедначен стил, користете моливи за усни слични на тонот на розите, што ќе им даде посебни контури.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma