Пробајте ја што е можно поскоро и почувствувајте го совршенството на вкусот
СОСТОЈКИ:
- 500гр кори
- 300 гр спанаќ
- 200 гр сирење
- 200 мл јогурт
- 3 јајца
- 50 мл масло
- 1/2 прашок за пециво
За прелив:
- 1 јајце
- 200 мл јогурт
- 50 мл млеко
ПОДГОТОВКА:
Спанаќот сварете го или пропржете го на малку масло, изладете го и ситно исечкајте го со нож, скршете ги јајцата во сад, додајте ги сирењето, јогуртот, прашокот за пециво спанаќот и измешајте.
Одвиткајте ја кората и прелијте ја малку па ставете уште една преку неа. Ставете 3 лажици фил и премачкајте го преку кората. Свиткајте ги рабовите и завиткајте во ролни. Се редат во подмачкана тава, додека не се потрошат сите кори.
Во друг сад сипете јогурт и скршете едно јајце, додадете 2-3 лажици маслиново масло и изматете. Прелијте ги ролните. Се пече на 200 степени околу 45 минути убаво да заруменат. Се сече топло.
Уживајте во фантастичниот вкус.