Едноставни трикови за прекривање на дамките: 4 начини како облеката ПОВТОРНО да може да се носи

popara15 ноември, 20211min00
331047_fleke-shutterstock-1580787829_ff

Успеавте да ја извалкате омилената светла блуза и после неколку перења и сите обиди да ја отстраните таа дамка, не успеавте? Доколку сакате да продолжите да го носите и да уживате во вашето омилено парче облека, тогаш време е тој проблем да го решите во наједноставен начин.

Не се откажувајте од носење на омилената кошула, панталони, маица или кое било друго парче облека ако имате дамка што не можете да ја отстраните со перење.

Постојат едноставни начини со кои можете да ја редизајнирате вашата гардероба. Еве 4 начини да ги направите вашите парчиња повторно носливи:

  1. Доколку имате дамка на долниот дел од панталоните, секогаш можете да ги скратите и да ја промените нивната должина. Во зависност од тоа дали дамката е направена повисоко или пониско, можете да добиете модел на шорцеви или бермуди.
  2. Ако имате дамка на маицата, можете на пример да направите исрези на тоа место. Кога ќе ја исечете маицата каде што е дамката, важно е да ја истегнете маицата на тој дел за да добиете „дизајниран“ изрез.
  3. Доколку сакате необични парчиња, тогаш на дамката можете да зашиете ткаенина која одлично се вклопува со нијансата на вашето парче облека.
  4. Последната опција е да закачите беџови на дамките кои ќе ги покријат вашите дамки, со што ќе се избегнат опциите за редизајнирање.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma