Медот и циметот во комбинација имаат извонредна исцелителна моќ, ги регенерираат клетките и ткивата, ја зголемуваат отпорноста на организмот и се сојузници во борбата против вирусите, високиот холестерол и шеќерот.
Мешавината од мед и цимет со векови се користи како лек за речиси сè. Некогаш се верувало дека оваа совршена комбинација може да им го „врати видот на слепите“ или дури „да ги оживее мртвите“. Источните народи сметаат дека медот и циметот се најкорисните дарови на природата и го користат овој еликсир за лекување на болести и ментални состојби.
Дури и ако се користат целосно одделно, медот и циметот имаат лековита моќ. Така, постои верување дека човек кој зема мед барем неколку пати месечно не може ни да се разболи.
Научните истражувања, кои се спроведени низ целиот свет, покажуваат дека медот и циметот во комбинација имаат извонредно благотворно дејство. Имено, тие ги обновуваат клетките и ткивата, ја зголемуваат отпорноста на организмот и се одличен сојузник во борбата против вирусите, високиот холестерол и шеќерот во крвта.
Постојат различни начини на кои се подготвува оваа комбинација во зависност од здравствените проблеми.
Срцеви заболувања
Направете паста од мед и цимет во прав. Намачкајте ја на леб наместо џем и јадете ја редовно за појадок. Ова ќе го намали нивото на холестерол во артериите и ќе спречи срцев удар.
Артритис
Во чаша топла вода растворете две лажици мед и една лажичка цимет во прав. Пијте наутро и навечер. Дури и хроничниот артритис може да се излечи со редовно консумирање.
За појадок намачкајте го лебот со паста од мед и цимет во прав
Инфекција на жолчното кесе
Во чаша млака вода измешајте две лажици цимет во прав и една кафена лажичка мед. Пијте го ова секој ден. Ќе ги убие бактериите во жолчното кесе.
Холестерол
Во голема шолја чај додадете две лажички мед и три лажички цимет. Кога ќе го пиете чајот, нивото на холестерол ќе ви се намали за 10 проценти во рок од два часа.
Настинка и грип
Ако страдате од настинка, земете една лажица мед со една лажичка цимет. Земајте три дена по ред. Ова ќе ја реши настинката, хроничната кашлица и конгестија на синусите. Шпанските лекари открија дека медот содржи природни состојки кои убиваат вируси и штитат од грип.
Се верува дека секојдневното конзумирање на чај со мед и цимет може да го продолжи животот
Болки во желудникот
Медот и циметот можат да помогнат во лекувањето на болки, чир на желудникот и рак на желудникот. Пациентите кои боледуваат од овие болести треба да јадат по една лажица мед измешан со лажица цимет во прав, секој ден во текот на три месеци.
Имунолошки систем
Измешајте половина лажичка мед и половина лажичка цимет во чаша вода. Секојдневното консумирање на овој пијалок ќе ја зголеми виталноста и отпорноста во рок од седум дена.
Слабеење
Во чаша вода сварете мед и цимет во прав. Се пие секое утро на празен стомак половина час пред појадок. Со редовна конзумација помага за слабеење, дури и кај многу дебели луѓе.
Лош здив
Јужноамериканците секое утро ја плакнат устата со топла вода измешана со една кафена лажичка мед и цимет. Ова им помага да го задржат својот здив свеж во текот на денот.
Долговечност
Се верува дека секојдневното конзумирање на чај со мед и цимет може да го продолжи животот. Измешајте четири лажици мед, една лажица цимет во прав и три шолји вода, сварете и испијте го како чај. Пијте четвртина чаша 3-4 пати на ден. Кожата ќе ви биде мека и свежа, а појавата на брчки ќе се одложи.