Естетски хирург ЈА РАЗОТКРИ Мадона: Ова е вистината за нејзините ЗАФАТИ, еве што направила на себе (ВИДЕО)

popara3 декември, 20211min00
profimedia-0644757688

Првата процедура ја направила пред три децении

Од 1982 до 2021 година Мадона имала неколку естетски зафати и третмани со цел да ја „продолжи“ младоста и некако да се натпреварува со новите музички надежи.

Најголемата промена на ликот на пејачката се случи во 2010 година. Меѓутоа, во далечната 1990 година, таа го направила своето прво затегнување на лицето.

Д-р Гери Линков, пластичен хирург кој е специјализиран за третмани на лице, во дваесетминутното видео на YouTube објасни што направила Мадона низ годините и колку чини сето тоа.

Мадона, која зачекори на музичката сцена во 1982 година, ја имаше првата голема естетска процедура во 1990 година. Пластичниот хирург забележал дека нејзиното чело е многу поголемо од претходно. Како што појасни, станува збор за процедура на подигање на веѓите, а со тоа се прави процедура со која се подига кожата на челниот дел од главата.

Првиот фејслифт се случил во 1995 година. Потоа, пет години подоцна, па се до 2010 година, Мадона ја направи првата верзија на она што денес е познато како филери, но на почетокот на милениумот, единствениот филер што бил дозволен бил колагенскиот филер.

Меѓутоа, работите се посериозно се менуваат од 2010 година, кога пејачката веќе ги правеше денешните многу популарни филери, кои ја направија нејзината „пуфнаста“ форма на лицето.

Гери Линков посочува дека драстичната промена во 2020 година е последица на уште еден фејслифтинг, по кој следеа уште две фејслифтинга и средување на подочниците и очните капаци, а во комбинација со претходно направените филери довеле до многу чудна форма на лицето.

Според неговата проценка, Мадона од 1982 година направила три фејслифтинга, три пати ги подигнала веѓите, двапати очните капаци, многу пати биле вбризгувани филери, а можеби со текот на годините ставила импланти на вилицата и го отстранила вишокот маснотии.

Како што објаснува, еден фејслифтинг чини од 10.000 до 50.000 долари, подигање веѓи од 5.000 на 30.000 долари, подочници и очни капаци од 10.000 до 30.000 долари, филери од 500 до 1.500 за еден третман, а најверојатно имала најмалку 30 низ годините. Се проценува дека најмалку 215.000 долари биле потрошени за операции без други третмани за подмладување на кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma