Благодарение на природните состојки, трепките можат да бидат густи, здрави и долги.
Доколку сакате природно густи и долги трепки, тогаш ви предлагаме да ги вклучите следните три чекори во вашата секојдневна рутина за убавина.
Зелен чај
Благодарение на флавоноидите од зелениот чај, растот на трепките ќе биде побрз. Покрај тоа, зелениот чај ќе ги исчисти фоликулите и ќе го стимулира нивниот волумен.
Сè што треба да направите е да натопите памукче во зелен чај и да ги тапкате трепките со него секој ден.
Маслиново масло и лимон
Маслиновото масло штити, храни и поттикнува раст на трепките, а во комбинација со лимонот кој има природно антисептично и антимикробно дејство, трепките ќе добијат се што им е потребно за квалитет, волумен и побрз раст.
Изрендајте ја кората од еден лимон во маслиново масло и оставете ја смесата да отстои неколку дена. Потоа нанесете ја со четка на трепките пред спиење, а отстранете ја со миење наутро.
Чешлање на трепките
Ако редовно ги чешлате трепките, како што се чешлате наутро и навечер, ќе го стимулирате нивниот раст. Купете специјализирана четкичка за расчешлување на трепките.
На овој начин ќе ги распределите природните масла по должината на трепките, по што тие ќе бидат поцврсти и посјајни.