Пејачот долги години мислел дека има друг проблем
Познатиот пејач Жељко Самарџиќ јавно проговори за болеста и откри дека боледува од „Хашимото“ синдром.
– Тоа веќе не е проблем. Пијам апчиња. Изгледаше така што наеднаш почнав да се потам. Мислев дека е до концертните сали. Секогаш имав крпи за бришење, тоа траеше со години. Мислев дека имам други проблеми. Се сеќавам дека ги оперирав потните жлезди во Сремска Каменица, имав и краток фитиљ, брзо реагирав. Кога беше откриен проблемот со тироидната жлезда, дека тоа е Хашимото, беше полесно. Ќе пијам апчиња додека ми држи срцето… Сега се чувствувам добро. Грижете се за вашето здравје, внимавајте, децата на интернет нека не земаат сè при срце и нека се дружат повеќе – рече Жељко во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.
Ги откри своите планови, а не ја крие радоста што ќе стане дедо:
– Можеби ќе биде и некој албум. Бев вреден за време на короната. Поминав многу време во Боко-Которскиот залив. Се исклучив и полесно ја пребродив короната и се што се случуваше. Мојата Миња, најмалата ќерка е бремена, па чека бебе на почетокот на февруари, посебно се грижиме за неа. Ќерка ми ќе пее придружни вокали со стомакот и бебето на 24-ти, на концертот. Нејзиниот избраник е гитарист и гледам дека е среќна – вели Жељко.