Подгответе ги за СЕЗОНАТА: Четири начини да направите старите капути да изгледаат како НОВИ

12 декември, 20210
kaputi-2048x1365

Можете да додадете различни копчиња и да го промените изгледот на палтото

Не очајувајте ако во моментот немате можност да се почестите со нов капут – минатогодишниот модел можете да го обновите со менување на деталите или поставата, со соодветно одржување.

Ако не сте во можност да го однесете палтото на хемиско чистење за да се уверите дека е свежо и чисто за оваа сезона, користете ги овие совети.

Дефинитивно ќе бидете модерно облечени без големи трошоци.

Користете пареа

Кога облеката е спакувана, лесно се гужва. Потоа на неа се формираат набори, а од наборите изгледа старо и истрошено. Не го пеглајте палтото, само кон него насочете ја пареата од пеглата. Ако никогаш досега не сте пареле облека, закачете го палтото на закачалка и поминувајте со апарат со пареа или пегла од крај до крај, стоејќи на растојание.

Копчиња – моден детал

Еден од најефективните и најевтините начини за целосно менување на изгледот на палтото е да ги смените неговите копчиња. Секако, треба да се водите според големината на дупките на палтото, но понекогаш многу светлите бои на копчињата ќе ја направат потребната промена. Комбинирајте ги и материјалите – дрвени, тапацирани или метални копчиња можеби се вистинскиот избор за модната промена што ја барате.

Крагни со вештачко крзно

Крагните, околувратниците и манжетните од вештачко крзно се популарни низ годините. Уште подобро, многу од овие делови се отстранливи и се перат во машина. Прво проверете ја етикетата и ако е така, превртете го слојот наопаку и ставете го на ладно перење на 30 степени користејќи благ детергент. Оставете го да се исуши на широка закачалка, отстранувајќи го вишокот вода така што ќе го ставите помеѓу две крпи. Кога ќе се исуши, исчешлајте ги влакната од јаката со мека четка.

Отстранете ги грутките од волна

Ако палтото ви е од волна, веројатно ќе забележите формирање на грутки, топчиња од волна. Тие обично се наоѓаат под пазувите и каде што ви се трие чантата. Тоа го предизвикуваат искинати влакна, а најчесто се јавува кај облека од волна измешана со синтетички ткаенини, како полиестер.

Овој вид на материјал ќе направи вашето палто да изгледа постаро отколку што навистина е, па затоа е добра идеја да ги отстраните. Користете машинка за џемпер, која ќе ја освежи секоја површина брзо и без никакви оштетувања. Ако вашето палто е направено од кашмир, обидете се да користите самолеплив валјак за исклучително нежно отстранување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi