ВНЕСЕТЕ ПРОМЕНИ: 5 совети за НЕЗАБОРАВЕН секс

12 декември, 20210
Screenshot 2021-12-12 194239

Здравиот сексуален живот е поврзан со добра работа на срцето, намален стрес, долговечност и многу други придобивки. Но, што правиме во оние денови кога се чувствуваме исцрпени и физички и психички? Што се случува кога душата сака, а телото тврдоглаво одбива? Кога сè што сакаме е кревет во кој можеме само да спиеме.

Експертите не потсетуваат дека сексот е неопходен, не само за нашето здравје, туку и за одржување на љубовната врска, за да не раскинеме и да се чудиме како дошло до тоа. Значи, ако сте во слична фаза, постојат начини да имате секс, иако сте исцрпени.

Сексот е повеќе од обична пенетрација

Кога зборуваме за секс, не мора да се ограничуваме на пенетрацијата. Предиграта е подеднакво важна и може да не доведе до оргазам. Дефинитивно ќе ни даде хормони за добро расположение, окситоцин и допамин.

Обидете се со мрзливи пози

Кога преовладува заморот, не мора да правиме акробации или да пробуваме нови работи во сексот. За удобност и уживање избираме класична мисионерска или „лажица“ на страна со перници. Сè што не бара многу енергија и труд.

Секс во попладневните часови

Без разлика дали работите од дома или одите во канцеларија, попладнето е идеално за секс. Кортизолот се зголемува, а мелатонин, кој нè праќа на спиење, се намалува.

Интимноста нека биде приоритет

Доколку мислите дека личните моменти со партнерот се последни на листата или тоа го доживувате како домашна работа, постои проблем. Поентата е во тоа што сакате да поминувате време заедно и не чувствувате дека сексот е задача што треба да се исполни. Прегратки, бакнежи, милувања и разговори кои ве држат заедно и одржуваат значајна комуникација се исто така корисни.

Бавен (и пријатен) секс

Колку е побавен сексот, толку помалку енергија е потребна. Исто така е попријатно, бидејќи нема брзање и стрес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi