Освен за готвење, фолијата се користи и за лекување на некои вообичаени заболувања
Фолијата ја користат сите во кујната, но веројатно никогаш не би им паднало на памет да ја користат за „терапевтски“ цели. Како што се испостави, „сребрената хартија“ може да помогне при многу болести…
Обмотувањето на одредени делови од телото со фолија има многу предности. На пример, тоа е одличен „лек“ за замор, ги смирува болките во зглобовите, како и изгорениците.
Во што помага „терапијата“ со фолија?
Болка
Обмотувањето на зглобовите во фолија ќе помогне да се ублажи болката. Можете да користите завој за да ја држите фолијата на место. Пред спиење, замотајте го болниот зглоб во фолија и оставете го така преку ноќ. Правете го ова една недела. После тоа време, веќе ќе почувствувате олеснување.
Замор
Ако сте хронично уморни, ставете неколку листови фолија во замрзнувач 2-4 часа. Потоа нанесете ја фолијата на лицето, особено на очите и образите. Останете во таа положба половина час. Ледените сребрени листови ќе ве освежат, ќе ја забрзаат циркулацијата и ќе ви ја вратат енергијата.