Заводливи, хипнотизирачки и прават да се чувствуваме подобро: 3 парфеми кои загарантирано ќе ви го поправат расположението!

popara30 декември, 20211min00
333419_parfemshutterstock-673856206_ff

Добро е познато дека различните мириси можат да не вратат во одреден момент од животот и да ни го подобрат расположението, а кога нешто е специјално направено за да остави впечаток со мирис – како парфем – таквиот ефект е загарантиран.

– Парфемите се користат за подобрување на расположението уште од антиката бидејќи мирисот е најтемелен од сите сетила. Тоа е една од најдобрите работи што можете да ги купите ако сакате да се чувствувате подобро бидејќи секој мирис ги стимулира синапсите, по што се ослободуваат хормони кои ги контролираат телесните функции и движења, ни даваат енергија, не „подигнуваат“ кога сме мрзливи или го зголемуваат задоволството – објасни еднаш за GQ познатиот парфимер Роја Дав.

Ако ги прашате научниците, дефинитивно има вистина во тоа – според едно научно истражување, мирисите се „виновни“ за активирање на 75 отсто од емоциите, благодарение на зголеменото лачење на серотонин и ендорфин, кои се одговорни за чувството на среќа и доброто расположение.

Кои парфеми да се изберат за овој ефект?

Мирис на лаванда

Парфем во кој доминира мирисот на лаванда е одлично средство за опуштање бидејќи содржи линалол, кој делува анестетички! Ако го вдишете мирисот на лаванда, брановите во фронталниот дел од мозокот ќе се засилат, што го доведува организмот во состојба на релаксација.

Цитрусни ноти

Освежителните парфеми на база на портокал, грејпфрут и лимон се одличен начин за подигнување на енергијата. Таквите мириси, секако, брзо испаруваат, но се силни, па предизвикуваат краткотраен и прилично ненадеен скок на енергија.

Парфем кој потсетува на детството

Без разлика дали ќе изберете производ кој има нота со мирисот на омиленото цвеќе на мајка ви, кое со години се мириса во пролетните денови во вашата куќа, или можеби парфем сличен на оној што го користи баба ви, можете да бидете сигурни дека ќе ви го подобри расположението!

Имено, мирисите кои потсетуваат на детството се одличен начин да се вратите во зоната на удобност и да се чувствувате подобро, посреќно и поопуштено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma