Принцот Хари предизвика гнев во јавноста како член на одборот на стартап компанијата за ментално здравје „Better Up“, вредна дури 4 милијарди долари. Иако ова изгледа само како непромислена изјава за едно деловно списание, Американците прилично „го примиле при срце“. Имено, принцот во едно интервју им порачал на незадоволните вработени да ги напуштат своите работни места и повеќе да внимаваат на менталното здравје.
„Мултимилионер кој никогаш во животот немал вистинска работа и никогаш не морал да се грижи за сметките, вели дека напуштањето на работа носи радост и е добро за самосвест“, беше само еден од коментарите на социјалните мрежи што можеше да се прочита во последниве денови.
Покрај сериозните коментари поврзани со работата, имаше и „брачни“. „Треба да побараме совет од принцот за луѓето чие ментално здравје се влошило во бракот“, беше само еден од коментарите што алудираа на фактот дека многумина мислат дека принцот не е квалификуван за тоа.
Да потсетиме, Меган и Хари се во брак од 2018 година и имаат две деца заедно. Поради американската актерка, принцот се откажа од сите кралски должности и бенефиции за да се пресели во САД и да живее помирен живот, но се чини дека им недостига внимание бидејќи се обидуваат да ја добијат на различни начини. Добро или лошо, проценете сами.