Решија да стават крај на љубовната врска.
Камила Кабелјо и Шон Мендез ја започнаа својата врска во 2019 година, а сега на љубовта и дојде крајот.
Познатиот пар веста ја објави со истата објава на социјалните мрежи.
-Еј екипо, решивме да ставиме крај на нашата романтична врска, но нашата заедничка љубов е посилна од кога било – го започнаа идентичниот пост поранешните љубовници.
Како што истакнаа, порано биле најдобри пријатели, а тоа планираат и да останат.
– Ви благодариме што не поддржувавте, од почеток па наваму – заклучија тие.
– Иако сепак ќе бидат пријатели, многу сум тажна што раскинаа, беа прекрасни заедно – напиша една обожавателка, додека многумина по ваквата „ладна“ објава, како што ја толкуваат, мислат дека целата врска била наводно лажна.
Да се потсетиме, Камила и Шон ја снимија песната „Senjorita“ во 2019 година, која убедливо ги освои сите музички листи.
Денеска споменатиот хит има околу 1,3 милијарди прегледи на YouTube. За „Сењорита“ овој пар освои и Греми, а тоа лето потврдија дека се во врска.