Да се биде природен е најдобрата формула за успех во повеќето животни ситуации, но во некои ситуации, како на пример кога сакате да ве забележат, не е на одмет малку да глумите и да користите мали трикови.
Одело
Уште еднаш се потврдува дека облеката го прави човекот. Пругите се во мода, но еднобојната облека покажува дека имате повеќе енергија и повеќе самодоверба. Сепак, избегнувајте црна облека која остава премногу сериозен впечаток. Освен, се разбира, ако не носите мал црн фустан.
Поправање
Суптилното поправање на облеката, како што е исправање на набрано здолниште, им дава до знаење на мажите дека сакате да изгледате добро за нив, а тоа им го подига егото.
Потпетици
Штиклите се секси за мажите, но балетанките можат да бидат уште посекси доколку ги немате на дофат на раката. Полусоблечен чевел покажува дека имате разигран ум, а доколку сте ги прекрстиле нозете, погрижете се ногата што е горе да е онаа што е подалеку од момчето што ви се допаѓа. Во спротивно, ќе добие впечаток дека не сте отворени за нови познанства.
Врска
Голите рамена мажите ги поврзуваат со градите, па така фустанот без прерамки или кошулата без ракави е непогрешлив избор за привлекување внимание. Кога ќе забележите дека ве гледа, подигнете ги благо рамениците и тој ќе се движи кон вас како хипнотизиран.
Самодоверба
Потпрете се на шанкот со едната рака за да не изгледате вкочането. Самодовербата е секси, но не претерувајте и држете ги рацете на колковите, бидејќи така нема да изгледате предизвикувачки, туку напротив, недостапно.
Поглед
Благо спуштената брада и погледот малку нагоре додека разговарате со некого (или само гледате во него) изгледа многу кокетно и привлечно. Кога зборувате, внимавајте додека седите да не ги прекрстувате рацете пред вас. Тој од тоа може да прочита дека повеќе би сакале да бидете на друго место.