Болната и непријатна надуеност може да ви го уништи денот, затоа внимавајте што да избегнувате наутро и која храна предизвикува надуеност.
Соковите од свежо овошје и зеленчук се богати со многу витамини и ќе го зајакнат вашиот имунитет. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека оваа здрава навика не е добра доколку се примени пред појадок бидејќи може да предизвика надуеност. Лекарите препорачуваат целото овошје да има предност во однос на соковите и смутињата, а главната причина поради која овошните сокови дујат е фруктозата со која се богати.
„Една чаша сок од портокал може да содржи околу четири портокали. Тоа е голема количина на фруктоза која телото не може да ја преработи“, тврди нутриционистот Меган Роси и истакнува дека треба да внимаваме на количината на овошје што ја јадеме.
„Овошјето е многу здраво, но ако имате чувствителни црева и јадете околу четири видови овошје во исто време, тоа може да предизвика и непријатна реакција“, забележува таа.