После сите празници и уживање во поголеми количини храна, колачи и солени деликатеси, време е за детоксикација на телото. Со помош на овој напиток ќе ја поттикнете работата на метаболизмот и ќе почнете да ги исфрлате токсините кои се насобрале во претходниот период. Овој пијалок е направен од само 2 состојки.
Ќе ви требаат следниве состојки:
Половина шолја ладен зелен чај
Половина лимон
Подготовка:
Исцедете го лимонот и измешајте го со зелен чај и напитокот е готов.
Еве како овој пијалок влијае на телото:
Поради високите антиоксидантни вредности, зелениот чај е состојка во речиси сите пијалоци за детоксикација. Поволно делува на црниот дроб, а истражувањата докажале дека помага во процесот на излачување на токсините.
Лимонот, покрај тоа што е богат со витамин Ц и одличен за здравјето на целото тело, го поттикнува ослободувањето на ензими, но придобивките не застануваат тука. Лимонот содржи пектин (пребиотик) кој помага во намалување на шеќерот во крвта.
Ериоцитринот е антиоксиданс кој се наоѓа во сокот и кората од лимон. Ериоцитринот во комбинација со други активни супстанции покажа ефект врз намалувањето на воспалението, оксидативниот стрес и оптимизирање на нивото на шеќер во крвта.