Истражувањето спроведено на жени во моногамни врски покажало дека постои одреден тип на мажи кои се најдобри за секс. Всушност, сексот со нив е загарантиран!
Научниците открија тип на мажи со кои жените најчесто доживуваат кулминација. Обемното истражување спроведено на жени кои се во врска не помалку од половина година покажа дека три фактори се клучни, а еден сигурно ќе ве изненади. И не, не се работи за големината на неговиот „алат“…
Според истражувачите, шансите жените да доживеат оргазам во хетеросексуална врска се зголемуваат доколку субјектот на нивниот интерес има самодоверба. Како што објаснуваат психолозите, жените ја доживуваат оваа особина како мажествена, мажот кој е сигурен во себе го гледаат како алфа мажјак, а тоа е нешто што многу ја поттикнува сексуалната желба.
Вториот фактор, кој е целосно изненадување, е висината на приходите. Психолозите овде даваат слично објаснување како за самодовербата. Жените гледаат на финансиски стабилниот маж, односно оној кој има приход поголем од нив самите, како силна и мажествена фигура.
Секако, сето тоа паѓа во вода доколку меѓу партнерите нема привлечност, што е доста зависно од физичките карактеристики. И тука доаѓаме до третиот фактор. Од сите атрибути кои ги забележуваат кај мажот и кои им се привлечни, испаднало дека оргазам најчесто доживуваат со оние кои имаат широки раменици.
Зошто? Научниците истакнуваат дека жените ја поврзуваат ширината на рамената со повисоко ниво на тестостерон, а мажите со таква градба оставаат впечаток на „заштитник“, што исто така им е привлечно.