Индијките имаат долга, сјајна и неодоливо убава коса, а грижата за неа е длабоко вкоренета во индиската култура. Индиските мајки и баби пренесуваат многу тајни со генерации, а една од нив е плетењето на косата секоја вечер пред спиење.
Во индиската култура се верува дека жените, кога спијат со спуштена коса, се повеќе изложени на негативни енергии. Всушност, плетењето на косата пред спиење може да ѝ помогне да изгледа посветло и пообемно.
Еве уште неколку придобивки од спиењето со плетенки:
Спречува испукани краеви
Фризурата привремено ќе помогне при испукани врвови, но доколку не направите никакви промени во рутината за нега на косата, праменките од оштетена коса повторно ќе се појават. Испуканите врвови се јавуваат кога користите силни хемикалии или премногу често ја сушите косата, а начинот на кој спиете исто така може да влијае на здравјето и убавината на вашата коса. Одржувањето на вашата коса во плетенки додека спиете го намалува триењето, заштитувајќи ги прамените од оштетување.
Косата ќе изгледа посјајно
На косата ѝ треба влага за да изгледа најдобро. Постојат многу причини зошто не може да ја задржи влагата, згора на тоа, може дури и малку да дехидрира преку ноќ. Плетењето на косата пред спиење и помага на косата да ја задржи потребната влажност бидејќи структурата на плетенките ја одржува хидратацијата на косата.
Го олеснува чешлањето на косата
Ако редовно ја плетете косата пред спиење, тоа помага да се чешла полесно наутро. Покрај тоа што ви го заштедува времето што го поминувате за отплеткување на косата, плетењето гарантира дека ќе изгубите помалку коса кога ја чешлате.
Природен начин за скротување на електризирана коса
Некои производи можат да помогнат привремено да се скротат оние фрустрирачки наелектризирани влакна кои излегуваат, но се полни со хемикалии, па дури и може да предизвикаат појава на акни. Плетењето на косата е едноставен и достапен начин за спречување на наелектризирана коса.
Може да помогне косата да расте побрзо
Кога косата станува слаба, таа почнува да се крши, спречувајќи ве да ја добиете косата од вашите соништа. Плетењето може да ви помогне да избегнете стилизирање со топлина и употреба на хемикалии, што пак ќе предизвика вашата коса да стане посилна.