Се трудиме да бидеме расположени, ништо да не не нервира, бараме подароци …
Сепак, празниците можат да бидат стресни. Дополнителен притисок има на меѓусебните односи, без разлика дали тоа е во материјална смисла или поради семејни работи.
Зошто паровите се караат за празници повеќе од вообичаено?
За време на празничните периоди има многу очекувања и активности кои не оттргнуваат од нормалното секојдневие. Паровите повеќе се караат бидејќи им е нарушена нормалната рутина и постои притисок да се исполнат очекувањата дека овој период од годината ќе биде магичен, пишува Метро.
Овие очекувања може да се спротивни на нашите индивидуални верувања и може да настанат тензии меѓу световите на парови кои се судираат и се разликуваат. Затоа е најдобро да го оставиме денот со насмевка и да не се грижиме премногу за тоа што сме успеале да направиме, а што не.