Зошто раскинуваат жените, а зошто мажите?

popara13 ноември, 20211min00
Screenshot_3

Жените најмногу се нервираат кога мажите гледаат спорт на телевизија, а не нив, додека за мажите најопасно е да престанат да фантазираат за својата партнерка.

Неодамна веб-страницата IllicitEncounters, меѓу 2.000 посетители од двата пола, спроведе истражување за тоа што најмногу може да ја загрози љубовната врска.

Иако се согласуваат дека врската нема смисла без емоции и приврзаност, мажите и жените генерално имаат сосема различни идеи за тоа што може да биде погубно за врската.

Сепак, треба да се има предвид дека ова е анкета на корисници на IllicitEncounters кои не бараат партнери за посветени и верни врски, па поверојатно е дека ќе дозволат врската да биде уништена од ситници, отколку да работат на заедничка иднина.

10 најголеми „убијци“ на романтични врски кај жените:

  • Тој повеќе сака да гледа спорт отколку мене
  • Не може да ме доведе до оргазам / тој е себичен љубовник
  • Тој е опседнат со видео игри
  • Тој е мрзелив и никогаш не помага низ дома
  • Секогаш е надвор со пријателите
  • Не му верувам
  • Почнав да посакувам други мажи
  • Се здебели и се запушти
  • Немаме заеднички интереси
  • Тој е премногу штедлив

10 најголеми „убијци“ на романтични врски кај мажите:

  • Престанав да фантазирам за неа бидејќи се здебели
  • Таа никогаш не иницира секс
  • Секогаш се жали за нешто
  • Таа има страшни пријатели
  • Сакам да спијам со други жени
  • Никогаш не се забавуваме
  • Нема страст меѓу нас
  • Јас сум премногу зафатен
  • Досадно ми е и ми треба нов почеток
  • Подобро се забавувам со пријателите.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma