Зошто Хурем ја напушти познатата серија? Продуцентот откри детали по осум години

popara4 ноември, 20211min00
69bd7bb0652cd4545d58e5601704f71192f1f454

Сите сè уште ја паметиме популарната серија „Сулејман Величествениот“.

Мерием Узерли, султана Хурем од хит серијата „Сулејман Величествениот“, нагло го прекина снимањето во мај 2013 година, го напушти Истанбул и отпатува за Берлин. Без објаснување. Причината поради која го оставила на цедило проектниот тим, кој ги собори сите рекорди на гледаност, беше откриена дури неодамна.

Во емисија на Јутјуб, Тимур Савџи, продуцентот на „Величествениот“, рече дека германската актерка со турско потекло боледувала од нарушување во психологијата познато како синдром на исцрпеност. Таа повеќе не можела да го издржи огромниот притисок и едноставно си заминала.

Тоа е многу сериозен психички и физички проблем кој започнува со навидум безопасни симптоми како што се губење на ентузијазам и енергија, замор, неодредена болка, а потоа преминува во хроничен стрес проследен со несоница, главоболка, висок крвен притисок, намален имунитет, нарушувања на концентрацијата, депресија, напади на паника…

Снимањето на серија трае цел ден, за што е потребна воена дисциплина и добра самоконтрола. Сепак, Мерием на крајот, но и на врвот на популарноста, доживеа нервен слом. Сè се одрази и на нејзиниот љубовен живот – вереникот ја оставил додека била бремена, а се зборувало дека се обидела да се самоубие скокајќи од тераса.

За среќа, психолошките проблеми сега се минато. Актерката која живее во Берлин повторно е среќна и вљубена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma