Потребно е:
15 лажици пченичен гриз,
15 лажици вода,
12 лажици бело брашно,
12 лажици масло,
1 лажичка сода бикарбона,
5 јаболка,
100 гр кокос,
50 гр суво грозје
За шербет:
1 шолја 250 мл шеќер,
2 чаши 250 мл вода,
1 кесичка ванилин шеќер
За премачкување:
3 лажици џем по избор
Подготовка:
Јаболкото излупете го и изрендајте го на поголемо ренде, па оставете го да отстои малку додека го подготвувате тестото. Во длабок сад ставете вода, па гриз и измешајте да се соедини. Додадете масло и брашно, па повторно измешајте за да добиете хомогена смеса. На крај додадете ги ренданите јаболка, половина кесичка кокос, ванилиниот шеќер и грозјето кое претходно сте го потопиле во топла вода. Сè убаво измешајте и ставете во тава подмачкана со масло, па оставете да отстои еден час. Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете го колачот да се пече 30 минути, а потоа намалете ја температурата на 150 и печете уште 15 минути. Додека се пече колачот, направете го шербетот со варење на шеќерот и водата пет минути. Не треба да биде густ шербет како за баклава. Кога колачот ќе се излади, прелијте го шербетот, и почекајте колачот да го впие. Тортата премачкајте ја со џемот по избор и исечете. На крај посипете го со преостанатиот кокос.