Едноставно и лесно омекнете ги стапалата
Сувите стапала најчесто ги предизвикува постојаното триење и недостатокот на влага, а за да ја вратите нивната мекост, можете да направите купка која е идеална за ваков тип на проблеми.
Состојки:
топла вода
сода бикарбона
Подготовка:
Измешајте една лажичка сода бикарбона со топла вода и ставете ги стапалата во неа. Можете да додадете и малку млеко, кое е природен хидратант за тврдата и сува кожа. Треба да бидете умерени, бидејќи сода бикарбоната може да предизвика иритација и црвенило на кожата.
За да може купката да го има својот целосен ефект, најдобро е да се користи барем два пати неделно.