1. Истегнете се кога ќе ги отворите очите
Ако добро се истегнувате додека лежите, седите или најдобро кога ќе станете, а сето тоа трае повеќе од неколку секунди, мали се шансите повторно да сакате да се вратите во кревет.
2. Дозволете светлината да влезе во вашата соба
Пред спиење оставете ги ролетните малку подигнати за да ве разбуди светлината. Ако денот е сончев, светлината сигурно ќе ве разбуди.
3. Движете се
Направете план како да направите нешто корисно наутро без да потрошите многу време ако го немате. Наутро испеглајте ја кошулата, избришете ги садовите итн.
4. Ладна вода
Туширајте се, измијте или пијте ладна вода. Тоа ќе ви помогне.
5. Вклучете ја музиката
Додека се подготвувате за работа или нов ден, пуштете ја омилената музика или песна, што ќе ги разбуди хормоните на среќата кои ќе се спротивстават на заморот.
6. Џвакајте мастика
Иако понекогаш може да предизвика надуеност, во исто време може да ве разбуди. Некои истражувања покажаа дека оние кои џвакаат гуми за џвакање пред когнитивниот тест имаат поголем успех во нивното решавање.