Многумина користат една крпа после туширање неколку пати. Сепак, ова понекогаш може да биде погрешно.
Ако користите една крпа повеќе пати, знајте дека тоа не е добро.
Имено, крпата, која е влажна и полна со мали честички од мртвиот површински слој на кожата, останува да виси преку ноќ, за да можете повторно да ја користите следниот ден, а не сте ни свесни колку габи и бактерии можат се рашират на неа за толку кратко време.
Поради тоа, лекарите предупредуваат дека максималниот број на употреба на една крпа е три пати помеѓу две миења и дека во меѓувреме секој пат мора добро да се исуши.
Тоа значи дека истата вечер или утро, по употреба, мора да ја извадите крпата на тераса или да ја префрлите преку радијаторот доколку планирате повторно да ја користите.
Иако се подразбира, вреди да се напомене дека мора да користите различни крпи за раце, лице и тело, како и дека секој член на семејството мора да има свој пешкир.
Препорачливо е да се менува крпата на секои три дена, додека пешкирот за лице најдобро е да се менува секој ден.