Инста-бабите ја диктираат модата на социјалните мрежи: Тие се шик и гламурозни

popara30 декември, 20211min00
baba-bunda-srecna-zena-830x0

Годините не познаваат граници кога се во прашање добриот вкус и стил

Кога некој ќе каже инфлуенсер, Инстаграм, модна икона, сите обично веднаш помислуваат на познати и успешни млади жени, кои се родени најдоцна во осумдесетите.

Сепак, популарните млади инфлуенсери ќе мора да остават малку простор во интернет светот, бидејќи доаѓаат инста-бабите.

На социјалната мрежа Инстаграм се попопуларни стануваат дамите кои заедно со големото животно искуство и богатите и успешни кариери изградиле и неверојатен стил.

Меѓу нив е и Љубица Бунгин. Имено, Љубица летово на социјалната мрежа Твитер објави фотографија која собра повеќе од 15.000 лајкови.

„Нов фустан“, напиша таа едноставно со насмевка, а потоа почнаа да се слеваат позитивни коментари и лајкови.

baka-ljubica-830x0
accidental-icon-830x0
grece-ghanem-830x0
taylors-version-830x0

– Селфи на годината што се однесува до мене – напиша еден човек, а друг додаде дека г-ѓа Љубица му го разубавила денот со оваа фотографија во едноставен фустан.

-Ми го разубавивте денот, госпоѓо, со среќа и стотици нови фустани да промените.

Дамите кои се многу популарни на социјалните мрежи, а со својот начин на облекување ги инспирираат помладите генерации, докажуваат дека годините не познаваат граници кога се во прашање добриот вкус и уникатниот стил.

Во галеријата под текстот погледнете ги дамите чија харизма, а потоа и стил и младешки дух ќе ве остават без здив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma