Испробајте! Рецепт за сочни пилешки ражничи со фин сос од кикирики

popara26 ноември, 20211min00
62196713-piletina-satay

Сатај е многу вкусно јадење составено од ражничи со месо кои се печат на скара и се служат со ароматичен сос од кикирики. Јадењето потекнува од островот Јава во Индонезија, но е исклучително популарно и во Тајланд и Малезија.

Во подготовката може да се користат различни видови месо – од пилешко до говедско месо. За да биде месото што е можно повкусно, ноќта пред термичка обработка се маринира во сочна мешавина од зачини и адитиви. Ви пренесуваме рецепт за пилешки раженчиња.

Состојки за сосот:

500 мл вода
300 гр крупно сечкани кикирики
225 гр паста од чили (самбал)
115 гр кокос шеќер
85 гр паста од тамаринд
60 мл сончогледово масло
4 чешниња лук
1 кромид
1 парче ѓумбир со големина од околу 5 см
1 стебленце маточина
прстофат сол

Состојки за пилешки раженчиња:

1,5 кг пилешки бедра со коски
2 лажици шеќер
2 лажици топла вода
1 лажица кромид во прав
1 лажица меласа
2 лажички лук во прав
2 лажички куркума
½ лажичка ѓумбир во прав
½ лажичка маточина во прав
сол по желба
растително масло

Подготовка:

1. Кромидот и лукот претворете ги во пире (потребно за сосот) во сечкач за зеленчук или во блендер. Во масло измешајте го пирето од кромид и лук. Додадете го изренданиот ѓумбир и стебленцето од лимоновата трева кои претходно сте ги здробиле и загрејте сè заедно околу 15 минути.

2. Промешајте ја пастата од чили и динстајте околу пет минути.

3. Се додаваат кикириките, пастата од тамаринд, кокосовиот шеќер, прстофат сол и половина литар вода. Гответе го сосот на тивок оган околу 45 минути.

4. Подгответе ја маринадата за пилешко – во поголем сад измешајте ги шеќерот, кромидот во прав, меласата, лукот во прав, куркумата, ѓумбирот во прав и маточината во прав со две лажици вода.

5. Додадете го пилешкото исечено на помали парчиња и убаво измешајте. Покријте го садот, ставете го во фрижидер преку ноќ или дури 24 часа.

6. Маринираното пилешко избоцкајте го на дрвени стапчиња. Месото премачкајте го со масло и посолете го.

7. Раженчињата се печат на скара и се послужуваат со сос од кикирики. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma