Блиската пријателка на кралицата и долгогодишна соработничка Ен Форчн ФицРој почина на 102-годишна возраст.
Кралицата Елизабета Втора моментално доживува уште една голема загуба.
Нејзината блиска пријателка и долгогодишна соработничка Ен Форчн ФицРој почина на 102-годишна возраст. Таа и служеше на кралицата од самиот почеток, поточно од нејзиното крунисување до нејзината смрт, и тоа како гардероберка која била задолжена за нејзината облека и накитот.
Војвотката од Графтон за својата служба доби и одлика, а дека за кралицата ја врзува блиско пријателство, говори податокот што Елизабета била кума на нејзината втора ќерка Вирџинија во дамнешната 1954 година.
Инаку, војвотката и нејзиниот сопруг имаа вкупно пет деца, а се работи е 11-тиот војвода од Графтон, Хју ФицРој.
За кралицата ова е уште една голема загуба по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, во април. Да се потсетиме, принцот почина на 9 април, само два месеци пред неговиот 100-ти роденден. Иако многу се зборуваше за неговата прељуба во бракот, тој и кралицата ги издржаа сите неволји и поминаа речиси 74 години во брак.
Во септември оваа година, кралицата остана без уште еден близок пријател, Тимоти Колман, кој почина на 92-годишна возраст. Тагата очигледно го скрши и него, бидејќи во јануари ја загуби сопругата Мери Колман, која почина на 89-годишна возраст, и беше братучетка на кралицата и многу добра пријателка.
Тимоти Колман бил поранешен офицер на Кралската морнарица и чест гостин на дворот, а се поврзувал со кралицата Елизабета откако се оженил со неговата сопруга Мери во 1951 година.
Во 2021 година, кралицата се прости и од нејзиниот соработник Сер Мајкл Освалд.