И чајот може да биде штетен: Колку шолји дневно се премногу?

popara5 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-05 192312

Пиењето чај има бројни придобивки за нашето здравје, но љубителите на овој пијалок понекогаш може да претераат.

Чајот има бројни придобивки за нашето здравје, а е богат со кофеин, флавоноиди и флуор.

Истражувањата покажаа дека пиењето три шолји чај дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 11 проценти.

Сепак, прекумерното консумирање чај може да доведе до некои проблеми.

Имено, чајот содржи околу 40 мг кофеин по чаша, покажуваат резултатите од Универзитетот Браун. Конзумирањето премногу чај може да доведе до зависност од кофеин, што ќе ви ја отежне концентрацијата, ќе ве натера да се чувствувате нервозни или ќе го наруши вашиот ритам на спиење.

Од друга страна, се верува дека танинот од чајот може да ја попречи способноста на телото да апсорбира железо доколку се консумира во прекумерни количини.

Покрај тоа, прекумерната количина на чај може да влијае на дејството на некои лекови.

Колку чај е премногу?

Бројни студии се обидоа да одговорат на ова прашање.

Некои велат дека е доволно да пиете помеѓу две и четири шолји чај дневно, додека други тврдат дека не треба да пиете повеќе од 10 шолји дневно, пишува „Times of India“.

Во просек, три до пет шолји чај дневно е во ред.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma