Квасецот е богат со витамини кои ја негуваат нашата кожа.
Пекарскиот и пивскиот квасец е богат со витамини од групата Б, како што се витамините Б1, Б2, Б6 и Б12. Тие се многу важни за правилното функционирање на целиот организам, особено на кожата. Нивниот недостаток во исхраната се рефлектира во речиси сите процеси во телото.
Можеби сте слушнале дека е добар совет за оние на кои им недостасуваат овие витамини во организмот, повремено да промешуваат мало парче квасец во вода и да го пијат, за да го надополнат недостатокот. Бидејќи вкусот не е пријатен, секогаш можете да се потпрете на додатоци и суплементи во исхраната, но ова е природна замена.
Квасецот не е богат само со витамини, туку и со минерали како што се калиум, калциум, магнезиум, натриум, хром, железо, бакар, манган, цинк и фосфор. Има и есенцијални амино киселини, може да ги издвоиме инозитолот и р-аминобензоевата киселина, но ги има во помала мера.
Подготовка на маска за лице со квасец
Коцката квасец, прво треба да ја иситните со вилушка во помал сад. Доколку ви е потешко, на почетокот можете да додадете една лажица млака вода. По потреба додадете уште една или две лажици млака вода за да добиете течна смеса.
Квасецот секогаш треба да се разредува со нешто за да се добие течна маса. Во овој случај, внимавајте да не претерате со водата, бидејќи смесата не треба да биде премногу ретка. Разредете додека не добиете маса слична на глина. Откако ќе го изматите квасецот, можете да почнете да го нанесувате на кожата на лицето и вратот.
Маската од квасец секогаш нанесувајте ја со прстите, бидејќи тоа е најлесниот начин. Секогаш претходно добро измијте го лицето, за да ги апсорбирате сите хранливи материи од маската. Веднаш по нанесувањето ќе забележите дека маската на вашето лице се затегнува и се суши. Почекајте околу половина час, а потоа отстранете ја со млака вода.