КАКО ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ПУШЕЊЕ?! Ќе ја измамите потребата од цигари и ќе ги оставите за час!

popara25 ноември, 20211min00
Screenshot_5

Овие цаки ќе ја измамат вашата потреба за никотин и ќе ви го олеснат откажувањето од пушењето засекогаш.

 

Пушењето убива. Оваа реченица е напишана на секоја кутија цигари, а воедно е и предупредување кое испраќа порака до луѓето дека со секоја пушена цигара се зголемуваат шансите да заболите од некоја тешка болест. Речиси шест милиони луѓе умираат од овие болести секоја година.

 

Покрај загрозеното здравје, пушењето е и грда навика, кое доведува до лош здив, жолти прсти и мустаќи, но може да биде и опасен удар по џебот. Не е ни чудо што многу пушачи се одлучуваат да ги остават цигарите, а доколку сте на тој пат, ве советуваме да пробате некои од овие цаки.

 

  • Кога ќе почувствувате потреба за цигара, запишете колку долго трае бранот на потреба. Кога знаете колку долго ќе ви биде тешко, ќе ви биде многу полесно да го надминете.
  • Лижавчињата се добро решение. Шеќерот помага да се намали потребата од никотин, а од друга страна ако имате лижавче во рака ќе ја замените цигарата и ќе ви биде многу полесно. Само внимавајте да не претерате со слатките, туку обидете се да комбинирате лижавчиња без шеќер.
  • Одењето и физичка активност ќе ви помогнат побрзо да ја надминете никотинската криза.
  • Капењето со омиленото есенцијално масло ќе го смири вашето нервозно тело и ќе направи да се чувствувате полесни.
  • Обидете се да комбинирате никотинска гума за џвакање и други препарати против пушење.
  • Мијте ги забите и земете гума за џвакање со вкус на нане. Нането што ќе го почувствувате во устата ќе ви овозможи да се чувствувате многу подобро и ќе ја убие вашата потреба за никотин.
  • Подгответе го вашето тело за да престанете да пушите. Обидете се да замените неколку пури дневно со овошје или цеден сок, а кога ќе престанете да пушите ако почувствувате потреба за цигара, земете овошје или сок и вашето тело ќе ја почувствува потребата исполнета.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma