Луиз и Лиза Барнс неодамна наполнија 51 година. Имале 12 години кога Стенли Кјубрик ги ангажирал за потребите на филмот.
Директорот беше сигурен дека хотелот Видиковец не може да биде страшно место без две девојки да се држат за рака и да стојат на крајот од долгиот коридор.
– Ние сме природно морничави. Но, вежбавме таа сцена да биде што е можно понапната и непријатна. Зборовите од текстот што ги примивме ги изговоривме така да ги исплашиме луѓето – изјавиле Луиз и Лиза за „Космополитен“.
Како што објаснија близнаците, снимањето на филмот не било страшно, но на публиката и било повеќе од непријатно да го гледа „The Shining“.
– Видовме луѓе кои носат морничави маски, но ние двe се чувствувавме како диви кои беа поканети на фенси забава. За нас тоа воопшто не беше страшно. Бевме придружувани од возрасни и нашите родители не мораа да се грижат. Нè поддржаа во нашата желба да се занимаваме со глума – изјавија сестрите
Филмот „The Shining“ е стар 41 година, но луѓето се уште го гледаат и се уште се плашат. Филмот, базиран на романот на Стивен Кинг од 1977 година, беше избран од Националниот филмски регистар на Америка за еден од најважните хорор филмови на сите времиња.