Кралското семејство има многу традиции за време на Божиќниот период, но како семејството ја слави Новата година?
Тие обично ја поминуваат празничната сезоната на село далеку од градот, во Сандрингем. Кралицата обично останува таму до 6ти февруари секоја година, што е датумот на смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, во 1952 година. Сепак, минатата година, кралицата и Филип ги откажаа своите вообичаени планови поради пандемијата и наместо тоа ја поминаа празничната сезона во Виндзор. И оваа година беше под влијание на рестрикции и таа е во Виндзор втора година по ред, но овој пат без принцот Филип.
Кралското семејство поминува квалитетно време играјќи игри заедно. Секој член на семејството избира плик и ги чита своите хумористични предвидувања до остатокот од собата.
Изворите сугерираат дека вообичаено никој не ја напушта собата за да легне пред кралицата, од љубезност.