Во една група на Фејсбук се појави прашањето како да се решите од мирисот на цигари. Што се однесува до мебелот и гардеробата, повеќето од оние кои коментираа, советуваа да се однесе на хемиско чистење.
Непријатниот мирис на цигари може да остане во просторијата многу долго, што може да биде многу досадно за непушачите. Се вовлекува во мебелот и гардероба, а не е лесно да го исфрлите од собата.
Во една група на Фејсбук се појави прашањето како да се решите од мирисот на цигари. Што се однесува до мебелот и гардеробата, повеќето од оние кои коментираа, советуваа да се однесе на хемиско чистење.
Сепак, еден коментар особено привлече внимание. Се однесува за решението на проблемот во самата просторија.
Повеќето луѓе ги проветруваат своите соби или користат освежувачи на воздух, миризливи свеќи или ароматични масла. Сите овие средства, особено во зимскиот период, можат да создадат уште полоша миризба, што особено ги погодува непушачите.
Вентилацијата, пак, не е најдобро решение во зимските денови.
Една корисничка понуди навидум необично решение.
Таа тврди дека мирисот на цигарите од просторот лесно се неутрализира, со ништо друго освен кромид.
Треба да пресечете неколку главици на половина и да ги ставите половините во различни агли на зачадената просторија. Кромидот наводно го апсорбира и неутрализира непријатниот мирис на чад.
Корисничката тврди дека е потребно по некое време едноставно да напрскате освежувач и на тој начин ќе го решите проблемот.