Како од ресторан: Веџис компири (РЕЦЕПТ)

popara13 декември, 20211min00
Screenshot_2

Превкусни се

 

СОСОЈКИ:

 

  • 6 компири
  • околу 150 гр презла
  • 2 лажици палента
  • 1 лажичка лук во прав
  • по желба слатка мелена пиперка
  • по желба сув билен зачин
  • малку бибер
  • по потреба масло
  • 2 лажици маслиново масло

 

 

Подготовка

 

Излупените и измиени компири исечете ги на коцки. Исушете ги со крпа и истурете во сад. Компирите прелијте ги со маслиново масло. Измешајте.

 

Во посебен сад измешајте ги презлата, палентата, лукот во прав, зачините. Потоа секој компир поединечно валкајте го во подготвената смеса.

 

Подготвени се за редење на плех.

 

Загрејте го маслото во соодветна тава. Нека има уште малку масло, компирот да биде барем половина покриен. На тивок оган пржете ги компирите околу 20 минути. Вадете ги на хартиена крпа.

 

Зеленчукот се сервира топол со малку месо, риба или салата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma