Како сами да СПАКУВАТЕ ПОДАРОК како професионалец? Кои грешки ги правиме?

popara18 декември, 20211min00
40aaf8ad1e63dd2972f5244541fcd53a04461970

Почна годишното време кога купуваме подароци повеќе од кој било друг период. Сакаме да бидат совршени, а со тоа и спакувани по мерка.

Пакување на подароците

Уредно спакуван подарок може само уште повеќе да му покаже на оној што го подарувате колку сте се потрудиле. Секако, подарокот може да го спакува и професионалец, но уште поинтересно би било доколку се обидете да го спакувате она што сте го намениле за вашата личност.

Повеќе не е подобро

Луѓето често сечат огромно парче од хартијата за виткање, сакајќи да се уверат дека имаат доволно за да го завиткаат целиот подарок.

– Луѓето едноставно ќе ги свиткаат рабовите додека не стане големо и гломазно. Сепак, премногу хартија значи дека нема да добиете рамен, остар и чист раб. Наместо тоа, ставете го подарокот на едната страна и превртете го преку хартијата додека повторно не бидете на истата страна. Потоа исечете ја хартијата за да одговара на таа мерка – вели Д’Антонио, професионалец кога станува збор за пакувањето, пренесува „The Spruce“.

Цврсто пакување

Начинот на кој ја прицврстувате хартијата за виткање е клучен за елегантниот изглед. Многумина го ставаат пакувањето точно на средината на хартијата, а потоа го лепат со селотејп. Сепак, почнете да пакувате така што ќе го ставите подарокот по самите рабови на хартијата.

Не форсирајте

Ако имате предмет со необична форма, со чудни агли, немојте да го ставате во огромна кутија па да го виткате. Ставете го предметот во средината на хартијата, завиткајте го и затегнете го од двете страни. Оставете ја должината на секоја страна и ставете голема машна на секоја страна за да изгледа како бонбона. Полесно е да се спакува и ќе изгледа интересно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma