Сувата кожа е само еден од показателите дека студеното време пристигна. Досегашната грижа може да не доведе до уште поголем проблем доколку не се прилагоди на промените на температурата.
Нега на сува кожа
Доколку имате проблем со затегнатата кожа на лицето која ве чеша и се лупи, време е да ја промените вашата рутина.
Средството за миење на лицето заменете го со масло за чистење
Маслата ја чистат кожата, плус имаат инхерентно навлажнувачки својства. Пенливите средства за чистење имаат свои позитивни ефекти, но треба да ги одложиме во текот на зимата. Пените или производите на база на салицилна киселина се одлични за отстранување на нечистотија и масти, но содржат сулфати кои можат да исушат повеќе од другите видови средства за чистење. Кремите, балсамите и маслата можат ефикасно да ја измијат кожата додека ја одржуваат хидратацијата на кожата и не ја попречуваат бариерата на кожата.
Нанесете хидратантна крема со хијалуронска киселина
За максимална хидратација, нанесете ја кремата кога вашата кожа е влажна. Истата теорија важи и за кожата на вашето тело. Нанесете креми во рок од пет минути по излегувањето од тушот за да обезбедите хидратација. Студиите покажаа дека инстантната хидратација е поефикасна од одложената хидратација.
Нанесувајте креми со фактор
Нанесувањето крема за сончање, дури и во текот на зимата, е императив, бидејќи студиите потврдуваат дека сонцето е причина број еден за стареење на кожата.
Пилинг
Нежниот пилинг може да помогне да се отстранат мртвите клетки на кожата акумулирани од сувиот зимски воздух, оставајќи ја кожата посветла и помагајќи му на вашиот хидратантен крем подобро да се апсорбира по чистењето. Важно е само да не се претера со пилингот, бидејќи тоа би довело до сувост и иритација. Доволно е еднаш неделно.