КАКО ШТО ПОЛЕСНО ДА ГИ НАМАЛИТЕ ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ ПО ПРАЗНИЦИТЕ? Ако сте претерале со колачите и сармата, ова е за вас

popara27 декември, 20211min00
christmas-2960253_1920

Не мора да се придржувате до ригорозна диета за да се вратите на старата тежина, доволно е да ги следите овие осум совети.

Тешко е да им одолеете на омилените празнични специјалитети како што се сарма, руска салата, тавче гравче, колбаси, но по Божиќ и Нова Година најчесто имаме вишок килограми.

Тоа не значи дека треба веднаш да се препуштите на строгите диети, бидејќи има осум лесни совети кои ќе ви помогнат побезболно да се вратите на старата тежина.

  1. Не изгладувајте се

Ако нагло престанете да консумирате храна, нема да издржите долго. Затоа намалете ги порциите и јадете помали оброци неколку пати на ден. Исто така, не преоптоварувајте се со храна.

  1. Избегнувајте газирани пијалоци

Немојте нагло да престанете да пиете газирани пијалоци, туку постепено намалувајте ги. Не ги пијте повеќе од еднаш во три дена.

  1. Намалете го внесот на алкохол

Не е тајна дека алкохолните пијалоци се многу калорични. На пример, една чаша вотка и енергетски пијалок имаат иста енергетска вредност како и помал оброк.

  1. Намалете го внесот на слатки

Иако можеби имате желба за слатко после оброк, тоа е штетна навика која е подобро да се отстрани.

  1. Избегнувајте пекарски производи

Покрај тоа што пекарските производи немаат преголема хранлива вредност, од нив брзо се огладнува.

  1. Зголемете го внесот на овошје и зеленчук

Наместо чоколадо, бисквити или чипс, јадете овошје и зеленчук за ужина.

  1. Движете се повеќе

Прилагодување на исхраната не е целата работа, туку потребна ви е и зголемена физичка активност. Изберете ја активноста која најмногу ви одговара а со губитокот на килограмите ќе се чувствувате и подобро.

  1. Запишете си ги целите

Запишете колку килограми сакате да изгубите и кога ќе почнете да вежбате и да држите диета. Потоа залепете го вашиот детален план на видно место и забележувајте го напредокот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma