Кајли тврди дека за трагедијата дознала дури по концертот, но изгледа дека е фатена во лага
На јавноста преку Инстаграм денеска и се обрати бремената девојка на Тревис Скот (30), Кајли Џенер (24) со која веќе има едно дете. Таа била со нејзината сестра Кендал (25) на концертот каде избил инцидентот.
– Пред и за време на настапот весело споделуваше снимки и фотографии од концертот на кој настапуваше нејзиниот партнер, а за трагедијата вели дека дознала дури подоцна. – Јас и Тревис сме скршени и уништени. Моите молитви се за сите оние кои трагично ги загубија животите, беа ранети или на кој било начин повредени од вчерашната трагедија. Исто така, за Тревис кој се грижи за сите свои обожаватели и за жителите на Хјустон, сакам да истакнам дека до крајот на концертот не знаевме дека има трагични смртни случаи. Да знаевме порано, веднаш ќе го прекиневме концертот. Упатувам најискрено сочувство до сите семејства кои настрадаа во овој тежок момент и ќе се молам за оздравување на сите кои беа повредени за време на оваа трагедија – напиша Џенер во својата приказна на Инстаграм.
– Веднаш по нејзината изјава, во странските медиуми почнаа да кружат изјави на сведоци од концертот, кои тврдат дека сестрите веќе знаеле што се случило бидејќи поминале покрај тело и го сокриле својот идентитет, пишува The Sun. „Кендал и Кајли имаа шест чувари околу себе“. Откако се случи трагедијата, сестрите ги видоа телата на жртвите и луѓето кои ги реанимираа и спасуваа – започна сведокот за истиот медиум.
– Ги спуштија главите и се трудеа никој да не им го види лицето. Беа покриени за никој да не ја види нивната реакција, носеа маски и качулки. Еден маж е изваден на носилки пред нив – додал изворот.