Низ серијата сите ѝ се обраќаат со Кери, но нејзиното вистинско име е малку поинакво.
Дури и најверните фанови на популарната серија „Сексот и градот“ беа изненадени кога во новата епизода беше откриено целото име и презиме на главниот лик, која досега сите ја нарекуваа кратко и јасно – Кери Бредшо.
Имено, во последната епизода од продолжението на култната серија се дозна дека ликот кој го толкува Сара Џесика Паркер всушност се вика Керолин Бредшо.
Уште од 1998 година, кога беше премиерно прикажана првата епизода од серијата „Сексот и градот“, сите на главниот лик му се обраќаат со Кери. Меѓутоа, во една од сцените на новото продолжение „И баш така“, кога Кери доаѓа да купи кафе, вработените во кафулето ја дочекале со нејзиното вистинско име.
Всушност, на Википедија отсекогаш се наведувало дека главната хероина од „Сексот и градот“ се вика Керолин Мари „Кери“ Бредшо.
Оваа информација е вест за публиката, па многумина на социјалните мрежи изразија чудење.