Принцезата Кејт Мидлтон во романтично издание.
Кејт Мидлтон неодамна го посети музејот во Лондон во нејзината омилена комбинација.
Војвотката од Кембриџ очекувано блесна во стајлингот кој се состои од кошула и панталони. Класика на која често се враќа.
Стилот на Кејт Мидлтон
Таа избра црвено-сина блуза Ралф Лорен со романтична машна околу вратот во комбинација со црни панталони со ремен. Ременот е со животински принт и темно кафеава боја. Уште еден случај на носење црно и тегет без да изгледа погрешно.
Кејт покажа како со комбинација на едноставни парчиња облека може да се постигне убав и елегантен изглед.