Кира Најтли во божиќен филм кој нема ништо заедничко со „Love Actually“

popara12 ноември, 20211min00
profimedia-0642640148-790x444

Секоја година во пресрет на празниците повторно гледаме некои стари омилени божиќни филмови, а одвреме-навреме се појавува нов кој на нов начин раскажува за празничните задоволства и стресови.

За разлика од романсата во „Love Actually“, новиот божиќен филм на Кира Најтли има сосема поинаква премиса: како би го поминале последниот Божиќ?

Во „Тивка ноќ“ во режија на Камил Грифин, Кира Најтли, Метју Гуд, Лили-Роуз Деп, Анабел Волис се собираат со пријателите и семејството за да го прослават Божиќ, знаејќи дека тоа ќе биде нивниот последен затоа што на човештвото му се заканува непосредна катастрофа во форма на облак од смртоносен отровен гас.

Во типичен тон на сув британски хумор, филмот поставува некои важни прашања, како на пример: како би се однесувале во време на криза? Како се позиционирате како родител во време на катастрофа?

Што можеме да очекуваме од овој необичен празничен филм погледнете во трејлерот:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma