Видео кое кружи по интернет и не му оди особено во прилог на милионерот
Лорен Санчез со своето однесување сериозно го понижи своето момче Џеф Безос, па многу корисници на социјалните мрежи сега безмилосно се шегуваат на негова сметка.
Причината е Леонардо ди Каприо, односно нејзиното однесување во моментот кога таа и Безос го запознале познатиот актер.
Сè се случило на 10-тата церемонија на уметност и филм во Лос Анџелес претставена од Гучи.
Безос, основачот и поранешен извршен директор на Amazon, веројатно нема причина да се грижи, со оглед на тоа дека е еден од најбогатите луѓе на планетата, со нето вредност од 177 милијарди долари.
Или, можеби сепак има причина за грижа?
Многумина мислат така, бидејќи Лорен буквално се „стопи“ додека разговараше со Леонард, толку многу му се доближи што изгледаше како да му паѓа на градите.
Безос стоеше со нив и ништо не му беше особено смешно и интересно…