Колачиња со путер од кикирики и чоколадо (РЕЦЕПТ)

popara30 декември, 20211min00
Screenshot_6

СОСТОЈКИ:

 

– 1 чаша путер од кикирики

– 1 чаша шеќер

– 1 поголемо јајце

– 1 лажичка екстракт од ванила

 

ПОДГОТОВКА:

 

Во еден сад измешајте една шолја путер од кикирики, јајце, една шолја шеќер и една мала лажица екстракт од ванила и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Поделете го тестото на неколку помали топчиња со големина од околу 3 см.

 

Наредете ги топчињата на хартија за печење и лесно порамнете ги со вилушка и направете вдлабнатина во средината.

 

Печете ги во рерна на 165 степени околу 15 минути или додека не поруменат. Почекајте колачињата малку да се изладат и потоа наполнете ги со растопено чоколадо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma