КОЛКУ ЕРОГЕНСКИ ЗОНИ ИМААТ ЖЕНИТЕ? Се зависи…

popara5 ноември, 20211min00
998059_profimedia0003028631_share

Зборот „ероген“ значи особено чувствителен на сексуална стимулација, па затоа ерогена зона е секој дел од телото кој реагира на допир, така што чувствуваме сексуална возбуда, објасни гинекологот и автор д-р Шери А. Рос.

Таа вели дека телото на жената не е ограничено на неколку ерогени зони, туку целото тело може да биде ерогена зона.

– Мора да се оддалечиме од идејата дека гениталиите или само одредени делови од телото се области низ кои се чувствуваме пријатно; ова искуство може да го обезбедат голем број на делови од телото, вели д-р Рос.

Џил МекДевит, доктор на науки и сексолог, вели дека истражувањето го потврдува и тврдењето дека целото тело може да биде чувствително на сексуална стимулација, односно на допир. Сепак, забележува таа, фактот дека целото тело може да биде ерогена зона не значи, секако, дека целото тело е ерогена зона за секого…

– Деловите од телото кои можат сексуално да се стимулираат и да доведат до возбуда во голема мера варираат од жена до жена бидејќи секоја жена има различни искуства со задоволството – вели МекДевит и напоменува дека е важно добро да го познавате сопственото тело, а не да се водите од претпоставки кои можат се однесуваат на некој друг.

Дополнително, додава МекДевит, и ерогените зони можат да се менуваат како што старееме и може да се случи допирањето на дел од телото повеќе да не води до возбуда, иако тоа било случај кога сме биле помлади, како што можеме и да откриеме некои нови ерогени зони.

Значи, нема еден точен одговор на прашањето „Колку ерогени зони има женското тело?“ Затоа што тоа е различно за секого.

„Навистина варира од личност до личност“, изјави МекДевит за Health, така што може некој да има една, а некој 100 ерогени зони.

Сепак, додаде таа, постојат некои заеднички точки кои често се сметаат за ерогени кај жените; како што се гениталиите, градите, брадавиците, усните, вратот и тилот, ушите, задникот и внатрешниот дел на бутовите, но исто така е нормално некој да не реагира на допирање на овие места.

– Секој дел од телото треба да се истражува на различен начин и да се разбере дека одредени делови од телото понекогаш полесно, а понекогаш потешко се стимулираат и дека тоа зависи од голем број внатрешни и надворешни фактори; од расположението на човекот, до температурата во просторијата – заклучи сексологот, а истото, додаде таа, важи и за мажите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma