Колку за организмот е значајна „ПОПЛАДНЕВНАТА ДРЕМКА“?

popara28 декември, 20211min00
b5d51107c01b639cb16082ba139d16149b852546

Дали им придавате важност на попладневните дремки?

Кога бевме деца, воопшто не сакавме да спиеме попладне, а сега никогаш не ни е доста. Истражувањата велат дека дури и половина час сон во текот на денот би ни донело многу.

Колку е важно да спиете во текот на денот?

За мала студија објавена во „Journal of Clinical Endocrinologi and Metabolism“, истражувачите го ограничиле спиењето на 11 здрави мажи на само два часа по ноќ. Тие споредиле што се случило кога учесниците не спиеле следниот ден, со оние кои спиеле 30 минути наутро и уште 30 минути попладне.

Резултатите покажаа дека по еден ден со малку сон и без дремка, учесниците доживеале повеќе од двојно зголемување на норепинефринот, хормон кој реагира на стрес. Познато е дека норепинефринот го зголемува пулсот, шеќерот во крвта и крвниот притисок. Учесниците забележале и пониски нивоа на протеинот интерлеукин-6, кој му помага на имунолошкиот систем на нашето тело правилно да реагира на инфекции и болести, пишува Real Simple.

Сепак, групата луѓе кои спиеле 30 минути следниот ден не покажале забележителна промена ниту во имунолошките протеини ниту во нивото на хормонот на стрес. Овие наоди сугерираат дека дремките имаат моќ да се спротивстават на некои негативни ефекти од недоволниот сон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma