Комбинација на елегантно и лежерно: Како КЕНДАЛ ЏЕНЕР оваа есен носи мокасини и капут (ФОТО)

popara21 ноември, 20211min00
827827afb3f92ec677bd897f1c9b94d1daddeb54

Кендал Џенер ги комбинира најмодерните парчиња облека.

Кендал Џенер моментално е најпознатата млада манекенка во светот. Внимателно се следат нејзините модни комбинации, а таа неодамна прошета низ улиците на Беверли Хилс во интересен есенски стајлинг.

Манекенката се одлучи за тренч палто од антилоп, кое го спои со мала чанта преку рамо, сè попознат модел од сезона во сезона.

Остатокот од нејзината гардероба е многу едноставен, таа носеше класични сини фармерки, а на нозете црни мокасини. За работите да бидат уште поесенски, таа завитка жолт шал околу вратот.

Кендал сака да комбинира различни елементи на модата. Гледаме дека носи елегантни мокасини со бели чорапи и тексас панталони, но лежерноста на некои парчиња успеала да ја искомбинира со елеганцијата на капутот и чантата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma