Кој е Lucien Laviscount кој во новата сезона на Емили во Париз го глуми џентлменот Алфи?

popara28 декември, 20211min00
Emily-in-Paris

Втората сезона на серијата „Emily in Paris“ излезе непосредно пред Божиќ, овозможувајќи ни навистина да ги искористиме празниците – за binge-ање! Покрај веќе видените ликови, кои добиваат малку повеќе време на екранот во втората сезона, се појавуваат и нови, а особено е интересен новиот љубовен интерес на главниот лик: Алфи.

Циничниот, но симпатичен Британец го отелотворува 29-годишниот Лусиен Лависконт, кој од детството е во светот на шоу-бизнисот, снимајќи разни реклами и кампањи и ТВ серии. Тој глумеше и во британските сапунски опери „Cоronation Street“ и „Waterloo Road“, што се чини дека е еден вид церемонија за иницијација затоа што во неа учествуваа и светски познати актери по нивните улоги во серијата „Bridgerton“: Фиби Дајнвор и Реже – Жан Пејџ.

Lily Collins i Lucien Laviscount

Лусиен веќе ја освои публиката со својата непосредност во улогата на Алфи, па мислењата за тоа кој е идеалниот романтичен партнер за Емили веќе се поделени на тимот Габриел и тимот на Алфи. И колку тоа има врска со ликот што го толкува? Лусиен тврди дека е подеднакво искрен и директен, но не е циничен, туку бил толку ентузијаст за снимањето во Париз што неколку пати дури и ги заборавал своите реплики, гледајќи го градот зачудено. Не се знае многу за неговиот приватен и љубовен живот, освен дека во последно време не е во посериозна врска, иако се шпекулира за можна средба со членот на „Little Mix“, Џеси Нелсон. А како ќе изгледа романсата на Алфи и Емили и дали ќе продолжи следната сезона ‘Емили во Париз’, едвај чекаме да дознаеме!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag