Кралицата Летиција во гламурозен и бајковит фустан: Цената ќе ве изненади (ФОТО)

popara26 ноември, 20211min00
d07be1156422e580d83a8ec4ddb7df10d6bf0fc0

Кралицата Летиција е во официјална посета на Шведска. Нејзиниот изглед и овој пат не остана незабележан, убавата Летиција избра неколку одлични стајлинзи, а денес пишуваме за најгламурозниот.

Кралицата пристигна на свечената вечера во Кралската палата во Стокхолм во бајковито и елегантно издание

Летиција блесна во темносин фустан покриен со тул и ситни преклопи.

Интересно е што кралицата симболично понесе фустан од шведски дизајнер. Шпанската кралица е позната по својата скромност, па донесе тоалета која иако изгледа крајно луксузно не спаѓа во високата модна цена, фустанот се проценува на околу 300 евра

.

Стајлингот го комплетираше со златна писмо чанта, обетки и големи алки, а на главата имаше тијара чија приказна оди далеку во минатото.

Имено, тијарата Картие ја направил уште во 1879 година за војвотката Марија Кристина од Австрија како подарок за нејзината венчавка со шпанскиот крал Алфонсо XII, а оттогаш круната е во сопственост на семејството.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma